Со градежното земјиште ќе управуваат општините

Bez autora
Apr 21 2010

Од 1 јануари 2011 година, Владата ќе им го преотстапи градежното земјиште на управување на општините. Локалната власт смета дека со овој чекор на Владата ќе има голем стимул во економскиот развој на општината. Ова беше констатирано на неодамнешната презентација на проектот, што се одржа во Велес, пред градоначалниците од општините Охрид, Прилеп, Студеничани, Сопиште и Велес, а кој го подготви Американската агенција за меѓународен развој УСАИД. Во насока на законските измени, кои веќе се во тек, сакаме како УСАИД да им помогнеме на неколку градски и рурални пилот-општини да можат да го евидентираат земјиштето со кое треба да управуваат и да бидат двигател на економскиот раст и развој - вели Розалија Василевска, лидер на тимот за локален економски развој на УСАИД.

Со градежното земјиште ќе управуваат општинитеОд 1 јануари 2011 година, Владата ќе им го преотстапи градежното земјиште на управување на општините.

Локалната власт смета дека со овој чекор на Владата ќе има голем стимул во економскиот развој на општината. Ова беше констатирано на неодамнешната презентација на проектот, што се одржа во Велес, пред градоначалниците од општините Охрид, Прилеп, Студеничани, Сопиште и Велес, а кој го подготви Американската агенција за меѓународен развој УСАИД.

-Во насока на законските измени, кои веќе се во тек, сакаме како УСАИД да им помогнеме на неколку градски и рурални пилот-општини да можат да го евидентираат земјиштето со кое треба да управуваат и да бидат двигател на економскиот раст и развој - вели Розалија Василевска, лидер на тимот за локален економски развој на УСАИД.

Според неа благодарение на УСАИД, општините ќе можат подготвени да го пречекаат моментот кога целосно ќе им биде отстапено градежното земјиште.

Во моментов најголемиот проблем се поделените надлежности.

-Ако од 1 јануари целосно ни се препушти нам тој процес на менаџирање со градежното земјиште, проблемите ќе ги решаваме самите. Кога ќе ги добиеме тие надлежности ќе нема никаква алиби-ситуацијата за општините. Тогаш ќе мораме да се организираме самите и во што е можно пократок рок и поефикасно да ги даваме тие услуги кон инвеститорите - рече градоначалникот на Велес, Горан Петров.

За Јован Ѓоргиоски, градоначалник на Општина Сопиште, во помалите општини за реализацијата на овој проект проблемот од недостигот на кадри ќе биде решен преку меѓуопштинска соработка и обезбедување услуги од поголемите општини. Градоначалникот на Општина Студеничани, пак, Фати Исени, смета дека управувањето со градежното земјиште ќе значи голем стимулатор на економскиот развој на сите општини.

На презентацијата на проектот беше речено дека интерес за инвестирање во општините има и од домашни и од странски инвеститори. Токму затоа е потребно да се поедностават процедурите и да им се овозможи на инвеститорите што побрзо да ги завршат административните обврски. Инаку, софтверот подготвен во рамките на проектот на УСАИД за управување со градежното земјиште од страна на општините е првиот конкретен чекор на овој план во земјава. Во периодот што следи проектот ќе се усогласи и со Законската регулатива и со специфичните потреби на општините за обезбедување на брзи и ефикасни услуги за инвеститорите и динамичен локален економски развој.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik